Иако се очекуваше со нетрпение, новата ракометна сезона во Супер лигата нема да стартува денеска. По одлуката на Владата за прогласување тридневна жалост на територијата на цела држава, денеска планираните мечеви од воведното коло од новата ракометна суперлигашка сезона се одложени.
Последните информации велат дека првото коло треба да се одигра најверојатно викендов, во недела.