Ивановски промовиран во Динамо Букурешт!

286

Мирко Ивановски денеска беше промовиран како нов член на Динамо Букурешт. Согласно најавите од пред неколку дена, Ивановски имаше договор, само се чекаше да се тргне забраната за трансфери, и официјално екс македонскиот репрезентативец да стане дел од Динамо.

Ова ќе биде трет предизвик за Ивановски во Романија. Во минатото играше за Клуж и за Астра.

Тој доаѓа од тимот на Диосѓер, каде настапуваше во последните две години.

ПретходноДербито Шкендија – Шкупи се игра во вторник
СледноРаботнички ги „врза“ Тодоровски и Хајдари до 2023 година