Дефанзивецот на Лион, Жером Боатенг, денеска ќе се најде пред судот во Минхен, во случајот со обвинувањата дека ја повредил поранешната девојка Шерин Зенлер, со која има две ќерки.
Обвинителството го обвинува поранешниот играч на Баерн дека и нанел телесна повреда на девојката. Таа го обвини дека во 2018 година, фудбалерот ја нападнал додека биле на одмор во една меѓусебна расправија.
„Ова е сведоштво со кое поранешната партнерка на Боатенг нема докази за да ги поддржи обвиненијата“, рече адвокатот на Жером.
Доколку Боатенг биде прогласен за виновен, може да добие и до 5 години затвор.










