Раководството на српската Супер лигата го утврди точниот термин за популарното „вечно“ дерби меѓу лутите белградски ривали Партизан и Црвена Звезда.
Натпреварот ќе се одигра на 19 септември во 18 часот. Првото дерби оваа сезона ќе биде всушност 165-то вечно дерби меѓу Партизан и Звезда, а ќе се игра во 9. коло од српската Супер лига на стадионот во Хумска.
Претходно, викендов, Ц. Звезда ќе се сретне со Пролетер во осмото коло, а Партизан ќе игра против Раднички од Крагуевац, а потоа ќе имаат настапи во европските купови.










