Тамбери и Дуплантис го „украдоа“ дијамантското шоу во Цирих

183

Олимписките шампиони од Токио во скок со стап Арманд Дуплантис и во скок во височина Џанмарко Тамбери го „украдоа“ шоуто на финалниот турнир на Дијамантската лига во Цирих. Швеѓанецот, кој е европски шампион во сала и на отворено, постави нов рекорд на Дијамантската лига со прескокнати 6,06 метри. Потоа тој се обиде да го урне светскиот рекорд од 6,19 метри меѓутоа не успеа. Двојниот светски шампион Сем Кендрикс од САД заврши втор со прескокнати 5,93 метри, а трет заврши европскиот медалист од Берлин 2018 Тимур Моргунов.

Златниот од Токио во скок во височина Тамбери одново имаше перфектен настап и ги воодушеви фановите на трибините и пред телевизиските екрани. Италијанецот го освои трофејот со прескокнати 2,34 метри достигнати во вториот обид. Второто и третото место го освоија Андреј Проценко (2,30 метри) и Илја Иванјук.

ПретходноХидинк објави крај на кариерата
СледноМбома постави светски рекорд на 200 метри, триумф на Беднарек кај мажите