Женската селекција вечерва по светско чудо против Англија на „Сент Мери“

120

Вечерва во 20 часот во Саутемптон, Англија, на добро познатиот за нас „Сент Мери“ стадион, женската сениорска репрезентација ќе ги одмери силите со селекцијата на „Гордиот Албион“.

И се оди кон тоа дека Англија ќе дојде до победа, и тоа убедлива, а нашите репрезентативки само останува да се надеваат на некое чудо.

Свесни за силината на Англија, и за позицијата на нашиот национален тим, се освен триумф на домашната селекција може да сесмета за огромна сензација.

Наташа Андонова, капитенот на нашиот национален тим вели дека шансата за бодови е Австрија, додека Англија е пресилна.

„Селекцијата на Англија е апсолутен фаворит во групата. Ќе биде многу тешко да се игра против нив. Австрија не е на рамниште со квалитетот како Англија и сметам дека шансата за освојување на бодови треба да ја бараме на тој меч“, вели Андонова и додава:

„Секогаш се обидувам да гледам реално на работите, така и овој пат. Мислам дека не треба да очекуваме некакво чудо во овие квалификации, треба само да продолжиме напорно да работиме и да ги слушаме советите од нашиот селектор. Објективен проблем претставува фактот што во овој состав на Македонија има фудбалерки претежно од домашното првенство кои немаат големо меѓународно искуство за разлика од другите селекции“, изјави нашата најдобра фудбалерка.

 

 

ПретходноТрстена и Георгиевски ги „обединија“ олимписките медали (ФОТО)
СледноБаерн Минхен го презентираше дресот кој ќе го носи само на еден натпревар