Трстена и Георгиевски ги „обединија“ олимписките медали (ФОТО)

407

Олимписките медалисти Шабан Трстена и Дејан Георгиевски, денеска имаа средба во Бутел, каде што ги обединија своите олимписки медали. Тука беше и тренерот на Георгиевски, Дарко Костовски кој е еден од најзаслужните за среброто од Токио на нашиот таеквондист.

Трстена ги покажа златото и среброто освоени во 1984 и 1988 година, а Георгиевски најновиот, во 2021 година од ОИ во Токио сребрен во Таеквондо.

Двајцата шампиони имаа за што да разговараат на денешната средба, за успесите и секако за понатамошните планови на Георгиевски кој заедно со својот тренер Костовски, најави во Париз дека ќе оди на злато.

ПретходноПобедничката на УС Опен: Парите од победата ќе им ги дадам на родителите
СледноЖенската селекција вечерва по светско чудо против Англија на „Сент Мери“