Денеска се одржа маратонот во Лондон, а сите медали почнувајќи од златниот па до бронзениот ги освоија Африканци.
Во женска конкуренција Џојсилин Џепкосгеи од Кенија победи со време од 2 часа 17 минути и 43 секунди пред двете Етиопјанки Дегиту Азимарав која заостана 15 секунди и Ашете Бекере која заостана 35 секунди во однос на победичката.
Носителот на светскиот рекорд и двојкратниот победничка во Лондон Бригит Косгеи заврши на четвртото место.
Во машкиот дел триумф на Етиопјанецот Сисај Лема кој оствари време од 2 часа 4 минути и 1 секунда пред Кениецот Венсан Кипчумба кој заостана 27 секунди и Етиопјанецот Мосинет Геремев кој имаше 40 секунди послабо време од победникот.
Лема заврши трет минатата година зад Кипчумба, а победник тогаш беше Шура Китата кој денеска го освои само шестото место.