Голот на колото во Македонскиот шампионат изминатиот викенд дефинитивно доаѓа од трета лига. Дело е на екс Македонскиот младински репрезентативец Благоја Наумоски кој во моментов настапува за третолигашот Црно Буки.
На дуелот против Кравари, Наумоски постигна три гола во победата од 0:7, а еден од погодоците е вистинско ремек дело од слободен удар. Очигледно дека кој знае да погоди од слободен ќе погоди било каде, и за репрезентација, и во регион…