Напаѓачот и тоа како уште игра на високо ниво: Несторовски со најмногу добиени дуели во ХНЛ

0
фото: NK Slaven Belupo (FB)

Некогашниот прв напаѓач на репрезентацијата на Македонија, интернационалецот Илија Несторовски, според прецизните статистичари во Хрватска, е играчот кој што во првите осум кола од новиот ХНЛ шампионатот, води во категоријата на најмногу освоени дуели.

Конкретно, Несторовски бил поуспешен од дирекниот чувар, точно 52. пати. Ги оставил зад себе, Јосип Митровиќ, Лука Врбанчиќ…

Несторовски не само што е борбен, на сезонава е и исклучително прецизен, конечно кажано, во форма.

Тој до овој момент има постигнато пет гола, и е на делба на третата позиција на листата на стрелците.

Сепак, тоа не е доволно, Илија Несторовски со своите 36. години во моментов повторно да се најде во националниот тим на Македонија, иако головите сега ни се потребни повеќе од било кога.

ПретходноНовак: „Имам шанса против секого“!