Украинскиот боксер Јуриј Захариев е освојувач на трофејот на јубилејното 55. издание на меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“, кој се одржуваше во Скопје.
Захариев, светскиот шампион од Белград во 2021 година, уште еднаш го потврди својот квалитет на рингот во салата „Расадник“. На патот до трофејот, во финалето во категоријата до 75 килограми, Украинецот го совлада Ребернак од Словенија.
На турнирот настапија 89 боксери и боксерки од 20 земји, а македонската публика имаше можност да следи квалитетни меѓународни боксерски пресметки. Домашните претставници Алим Насуфи и Јоаким Јовановски не успеаја да се пласираат во финалето.
„Златниот гонг“ по 55-ти пат ја потврди својата традиција и значење на меѓународната боксерска сцена.










