МКК Куманово ја декласираше Струмица

1

Кошаркарите на МКК Куманово забележаа убедлива победа над Струмица со 85:48, во последниот денешен натпревар од седмото коло на македонската Суперлига.

Кумановци уште од почетокот ја презедоа контролата и ја добија првата четвртина со 21:8, а потоа постојано ја зголемуваа предноста до конечни 37 поени разлика.

Најефикасен во победничкиот состав беше Камерон Гуден со 18 поени, а Андреја Стевановиќ постигна 17. Бобан Стајиќ запиша 14 поени и девет асистенции, додека Стефан Фундиќ придонесе со 10 поени и осум скока.

Кај Струмица, Димитар Пандев беше најдобар стрелец со 14 поени, осум скока и четири асистенции, додека Кам Крафорд постигна 11 поени.

ПретходноОдбојкарките на Вардар ЕМ му реваншираа на шампионот Работнички