Пал со 38 поени го однесе Штип до трета победа сезонава

1
фото: ГKK Штип 1933 (FB)

Кошаркарите на Штип забележаа победа над Скопје 2023 со 103:94, во еден од вечерашните натпреваро од седмото коло на македонската Суперлига.

Домашниот состав одигра одлично во нападот и со 32 постигнати поени во последната четвртина го скрши отпорот на скопјани, кои во третата четвртина успеаја да направат пресврт и да влезат во завршницата со предност од два поени.

Најзаслужен за триумфот на Штип беше Џеј Пал со 38 поени, пет скока и четири асистенции. Кај Скопје 2023 се истакна Колин Паркер со 29 поени и 14 асистенции, додека Камерон Џонс забележа 23 поени и 11 асистенции. Одличен настап имаше и Александар Костоски, кој средбата ја заврши со 16 поени, 10 асистенции и три скока.

ПретходноНено и Арис му зедоа мерка и на Олимпијакос!