Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ беше еден од најзаслужните за големата победа на Арис над Олимпијакос (100:78), во дербито од седмото коло на грчката Баскет лига.
Димитријевиќ одигра одличен натпревар, завршувајќи го со 19 поени, шест асистенции и два скока за 27 минути на паркетот. Македонскиот плејмејкер имаше реализација од 7/13 од поле, вклучувајќи 4/6 за три поени, и уште еднаш покажа колку значи за играта на својот тим.
Најефикасен во редовите на Арис беше Морган со 21 поен, додека Бирч додаде 14.










