ЦСКА (М) се засилува со поранешен американски репрезентативец

171

Поранешниот американски репрезентативец, и екс-кошаркар на Денвер Нагетс, Бруклин Нетс и Хјустон Рокетс Кенет Фарид е на чекор од трансфер во ЦСКА Москва.

Ова го потврди и порториканскиот клуб Леонес де Понсе, со кој Фарид имаше договор и за кој играше во 2021 година. Во тој договор има клаузула за заминување според која Кенет може да оди во Евролигата доколку договори клуб од тоа натпреварување.

„Разговаравме со него и му се допадна ова искуство и би сакал да се врати во иднина. Знаевме дека ова може да се случи, но среќни сме што го преземавме тој ризик. Ја почувствува љубовта на овој град и целата лига. Добро е затоа што е се уште млад“, стои во соопштението на Леонес.

Кенет Фарид има 31 година и беше 22-от пик на драфтот во 2011 година. Тој беше еден од најдобрите дебитанти во својата прва НБА сезона, а во Денвер играше доста солидно од 2012 до 2016 година. Во 2014 година, Фарид беше во репрезентацијата на САД, која стана светски шампион.

ПретходноВернер тешко дека ќе игра во Скопје: „Беше очаен, најслаб во тимот!“
СледноИнтер во јануари сака да го позајми Лука Јовиќ