Македонија без најдобрата ракометарка на реваншот со Црна Гора

688

Македонската женска репрезентација вечерва (20:30 часот) и гостува на Црна Гора во рамките на ЕХФ Купот. Ова е втора средба меѓу двете селекции, првата во Скопје заврши со убедлива победа на Црногорките од 21-29.

Во составот на предводникот на Македонија, Љубомир Савовски ги нема Ристовска и Ѓорѓиевска, како од претходно и Саздовска и Коларовска.

Целата на селекторот е да создаде вистински тим пред стартот на Европското првенство 2022 година, на кое еден од домаќините е Македонија, поточно Скопје. Шанса против Црна Гора добија на првата средба ракометарки од кадетскиот и младинскиот состав, заедно со поискусните треба да направат совршен спој за добар настап на континенталното натпреварување.

ПретходноКузмановски и Хановер во проблеми, Митревски и Порто доминираат!
СледноШаќири даваше интервју со униформа на УЧК!?