Кузмановски и Хановер во проблеми, Митревски и Порто доминираат!

322

Хановер за кого настапува македонскиот репрезентативец, Филип Кузмановски можеби го има еден од најлошите воведи во една сезона. Бундес-лигашот никако не успева да фати ритам, по првата победа во минатото коло, запиша нов пораз, беше совладан од Балинген на гости со 28-26.

Ова беше четвртти пораз за Хановер, кој со една победа се наоѓа на 17. место на табелата поточно во опасната зона. Кузмановски постигна два гола од шест обиди.

Реми, во рамките на 6. коло запиша Вецлар на Филип Миркуловски, против Гепинген од 28-28. Миркуловски не се запиша во листата на стрелци, а неговиот тим е на осмото место со две победи, реми и три порази.

Никола Митревски и Порто доминираат во домашниот шампионат. На домашен терен го совладаа Белененсеш со 32-25 и останаа перфектни со пет победи во исто толку одиграни меча. Лидерското место го делат со Спортинг, кој има ист учинок.

ПретходноВајлдер: Фјури не „набилда“ толку килограми за да биде балетан
СледноМакедонија без најдобрата ракометарка на реваншот со Црна Гора