Пелистер им се врати на победите во Супер-лигата. После убедливиот пораз во вечното дерби, битолчани на домашен терен славеа против ГРК Тиквеш со 37-26. Ова беше осма победа за избраниците на Лино Червар, имаат еден пораз и реми. На другата страна кавадарчани имаа скор од четири порази, пет победи и реми.
Во првите 15 минути видовме изедначена битка по што домаќинот со три гола во низа поведе со 10-7, а потоа полека, но сигурно ја зголемуваше предност. На одморот резултатот беше 17-13.
Во продолжение на Пелистер му остана рутинската задача, без проблем го приведе мечот во своја корист.
Петар Атанасијевиќ со девет гола беше прв стрелец во редовите на победникот, зад него беше Пешевски со шест погодоци, Брестовац имаше седум одбрани. На другата страна Ончев беше стрелец на осум погодоци, Солев запиша 10 одбрани.










