Ракометарите на Тиквеш ја остварија и втората сезонска победа во Суперлигата, откако во последниот денешен меч со 34:27 славеа над Прилеп.
На дебото на Горан Андоновски како тренер на кавадарчани, Тиквеш ја оствари и втората сезонска победа, по онаа над Металург. Одличен меч за домашните имаше Дрогришки кој постигна 9 гола, додека Трпчевски запиша седум зад своето име.










