Куманово ја доби драмата со Бутел Скопје

1
Фото: МРК Куманово

Уште еден натпревар со драматична завршница во Супер-лигата. Куманово го победи Бутел Скопје на домашен терен со 30-29 во последниот меч од 11. коло. За домашниот тим ова беше втора победа сезонава, покрај едно реми и осум порази. На другата страна, пак, Бутел Скопје го запиша осмиот пораз, а има и две победи и едно реми.

Омар Мамду со осум гола беше прв стрелец, на другата страна Субашевски имаше пет погодоци.

Првото полувреме беше изедначено, со промени во водството. Со голот на Марковски во 23. минута, гостите од Бутел Скопје поведоа со 10-12, додека Куманово со погодокот на Алу на одморот изедначи на 14-14.

Во вториот дел домаќинот беше за нијанса подобар, а токму тие мали разлики му ја донесоа победата.

Претходно, Младост на домашен терен беше совладан од Струга со 30-28, додека Пелистер 2 извлече реми со Прилеп (26-26).

ПретходноФеноменална последна четвртина за гевгеличани: Кожув ја “среди“ Струмица