Два меча, една цел: Охрид сака европски двоен триумф против Драгунас

1
ФОТО:.facebook.com/hcohrid

ГРК Охрид денеска и утре ќе одигра два натпревари во рамките на третото коло од ЕХФ Европскиот куп. Противник на актуелниот бранител на титулата е Драгунас Клаипеда, тим кој ѝ е познат на македонската јавност, бидејќи пред две сезони играше против Алкалоид.

Охриѓани двата натпревари ќе ги играат на домашен терен, што е голема предност, бидејќи на трибините ќе ја имаат поддршката од своите навивачи. Тренерот Борис Ројевиќ и неговите избраници, со оглед на составот со кој располагаат, влегуваат како големи фаворити. Останува оваа улога да ја оправдаат и на теренот.

„Тимот на Драгунас Клаипеда игра навистина добро. Го мина првото коло, па очекуваме тежок натпревар. Ќе се подготвиме најдобро што можеме и ќе се обидеме да победиме на двата натпревари. Се надеваме дека на трибините ќе има голем број навивачи“, изјави Доминик Мате.

Натпреварот меѓу ГРК Охрид и Драгунас Клаипеда започнува во 18 часот.

ПретходноВардар се враќа на Арената ама не и Комити!