Македонскиот првак Вардар по долго време денеска ќе одигра натпревар на Арената „Тодор Проески“. Добро е познато дека „црвено-црните“ не можеа да играат на нашиот најголем национален стадион поради подготовката на теренот за потребите на македонската репрезентација.
Па, се чини дека камбекот доаѓа во вистинско време, бидејќи Вардар ќе игра дерби-натпревар против Тиквеш.
Но, ниту на оваа средба на трибините нема да ги има најверните навивачи, „Комити“, кои го продолжуваат бојкотот. Причината е незадоволството од раководството на Вардар, на чело со претседателот Миланко Неделковски. Веќе подолго време нивната порака е единствена – само со промена на раководството тие ќе се вратат на трибините.















