Ц.Звезда победнички во Барселона

11
ФОТО:facebook.com/kkcrvenazvezda

Неверојатен меч одиграа кошаркарите на Ц.Звезда вечерва во Барселона, бо рамките на 13.коло во Евролигата. “Црвено – белите“ славеа со 100:103 и тоа по продолженија.

Посебно беше драматично во самиот финиш кога гостите умешни ја искористија својата шанса и на крајот заслужено славеа.

Картер со 31 поени беше најзаслужен за победата на гостите, додека кај домашните најефикасен беше Бризуела со 22 поени.

Претходно во текот на вечерта прво Ефес славеше против Асвел со 107:81. Во дербито на вечерта Олимпијакос покажа зошто е европски шампион и успеа убедливо да го победи Реал Мадрид со 92:76.

Џонс со 22 поени беше најефикасен кај победничкиот состав, додека кај гостите Маледон запиша 17 поени.

За крај на вечерта уште една драма, овојпат во Белград, каде Партизан со 91:87 славеше по едно продолжение против Бешикташ. Одличен меч по обичај одигра Карлик Џонс со 21 поени, додека кај поразениот гостински тим Вокер запиша 22 поени.

ПретходноБаерн Минхен дома киксираше, ама тоа е најмалку страшно: Се чекаат информации за повредите на Кејн и Олисе!