Скопје ја прослави втората сезонска победа

1

Кошаркарите на Скопје ја забележаа втората победа во новата сезона од македонската Суперлига, откако на домашен терен го совладаа Тиквеш со 97-94 во премиерниот натпревар од осмото коло.

Актуелниот вицешампион на Македонија до триумфот стигна по голема борба и неизвесна завршница, во натпревар во кој двете екипи имаа свои добри периоди.

Најефикасен во победничкиот состав беше Колин Паркер со 24 поени, а кај гостите од Кавадарци, Тедерик Волф одигра одличен натпревар и постигна 27 поени.

ПретходноМинута молк за Мемеди и Секуловски: Шкендија (А) со маички со ликот на Агрон (ФОТО)