Македонија го пречекува Кипар, КФМ ги пушти билетите во продажба!

1

Македонската кошаркарска репрезентација овој ноември ќе одигра нов натпревар од претквалификациите за пласман на Европското првенство во 2029 година. Овој пат нашите момци за противник ќе ја имаат селекцијата на Кипар, а натпреварот ќе го играат на домашен терен, во салата „Лазар Лечиќ“ (26.11.2026, 18:00 часот).

Кошаркарите овој циклус го отворија со победа против Австрија на гостински терен, а се очекува победничката низа да ја продолжат и пред домашните навивачи, со оглед на тоа што се фаворити против Кипар.

КФМ и официјално ги пушти во продажба билетите за оваа средба. Тие се продаваат по цена од 150 денари и можат да се купат на следниот ЛИНК.

Наскоро се очекува да биде објавен и списокот на играчи на кои Хозе Марија Берокал ќе смета за овој натпревар. Во Виена ги имавме Ненад Димитријевиќ и Мозес Рајт, додека бевме без Андреј Јакимовски. Останува да видиме дали овој пат ќе бидеме комплетни, односно дали македонската јавност ќе има можност на дело да го види националниот тим во најсилно издание

ПретходноМакедонија го дозна ривалот за баражот во Лигата на Нации