Македонија против селекцијата на Кипар во двомеч за опстанок во Б Лигата на Нации. Така сакаше денешната ждрепка во Нион, на која нашата А-репрезентација доби тим кој секако дека може да се помине и со тоа во нареднииот циклус во Лигата на Нации повторно да игра во Б сегментот во ова натпреварување.
Како што е познато, мечевите се закажани за крајот на март, а првиот меч се игра на гости, за да реваншот го играме како домаќини.
Инаку репрезентацијата на Македонија во изминатиот циклус настапи во групата 1 во Б Лигата на Нации и заврши како последна, па еве има шанси низ бараж двомеч со Кипар сепак да избори опстанок.










