Откако А-репрезентацијата на Македонија, предводена од Гоце Седлоски, во групата 1 во Б Лигата на Нации не освои ниту бод и заврши убедливо последна, денеска (12 часот) на ждрепката во Нион, ќе го дознае својот ривал за баражот за опстанок во овој сегмент.
Една од селекциите на Кипар, Белорусија, Естонија и Ф.Острови ќе ни биде противник во март 2027. Се играат два меча, дома и гости. Инаку ова се селекции кои завршија на второто место во своите групи во сегментот Ц Лигата на Нации.
На прв поглед ова се селекции кои не би требало да имаме проблеми за да ги победиме, но тоа важи доколку Македонија почне да игра вистински фудбал и се врати на старите патеки, во спротивно и против една од овие репрезентации ќе изгледа под секое ниво.
БАРАЖ ЗА ПЛАСМАН ИЛИ ОПСТАНОК ВО Б ЛИГАТА НА НАЦИИ
НОСИТЕЛИ
Израел, Романија, Грузија, МАКЕДОНИЈА
НЕНОСИТЕЛИ
Естонија, Белорусија, Ф.Острови, Кипар










