Швајцарскиот репрезентативец со албанско потекло Џердан Шаќири, уште еднаш како и многупати претходно не пропушти да го покаже своето потекло на кое што очигледно е многу горд. За некого скандал, за некого потег за воодушевување, а за Шаќири, момент во кој ете сака да покаже дека едноставно му се може.
По завршувањето на вчерашниот квалификациски меч помеѓу Швајцарија и Северна Ирска, Шаќири даваше интервју. Во еден момент, не познат господин влезе во кадарот и му облече на Шаќири парче гардероба на која што стои логото на УЧК, своевремено воената формација која беше дел од војната на Косово.
Шаќири не се противеше на овој потег туку продолжи со насмевка да дава изјава по повод мечот со С.Ирска. Во униформа на УЧК….











