Детскиот сон на Тоти не е Рома!

633

Легендата на Рома Франческо Тоти во интервју за „Гардијан“ откри интересни детали од неговата кариера. Тој целата своја кариера ја мина во дресот на римската „болчица“, одби понуди од Интер, Милан, Јувентус и Реал Мадрид.

Неговата разделба со клубот не беше најдобар, а легендата признава дека како дете сонувал да игра за Милан, бидејќи во негово време овој тим доминирал во Европа.

Тогаш Тоти имал само 12 години кога тогашниот директор на Милан дошол во неговата куќа да го убеди да се пресели во Милано.

„Милан тогаш беше најдобриот тим кој го имав гледано, мојата желба или сон беше да играм за нив. Одлуката каде ќе ја продолжам кариерата секогаш беше моја. Иако бев многу млад, и тогаш знаев каде ќе играм во иднина, и тоа беше само Рома“, изјави Тоти.

ПретходноСелекторот на Белгија ги ослободи Лукаку и Азар, на останатите не им се игра!
СледноВајлдер: Фјури не „набилда“ толку килограми за да биде балетан