Италија ја совлада Белгија за утешната награда на ЛН (видео)

230

Европскиот шампион Италија заврши на третото место во Лигата на нациите откако попладнево во Торино ја совлада Белгија со 2:1. „Аѕурите“ стигнаа до утешната награда во мечот за третото место на турнирот откако во добро одигран меч ја совладаа Белгија, една од најсилните селекции во светот.

Сите голови паднаа во второто полувреме. Прво Николa Бареља го отвори резултатот на стартот на второто полувреме, а зголеми Доменико Берарди од пенал во 65. минута откако Кастањ направи прекршок во својот шеснаесетник.

Во продолжение на мечот Караско имаше убава шанса но ударот заврши во стативата, а во наредната акција Де Кетеларе постигна гол за намалување на резултатот во 86. минута. Сепак, Белгијците не најдоа начин да изборат продолженија и мораа да се задоволат со четвртото место .

ПретходноПријателска во Охрид: Воска Спорт го “преслуша“ Братство!
СледноБарселона: Најдобар е во светот, но како да го купиме кога во клубот ни е хаос!