Барселона: Најдобар е во светот, но како да го купиме кога во клубот ни е хаос!

1184

Во јуни ќе се активира клаузулата со која Ерлинг Халанд за 75 милиони евра ќе биде слободен и секој клуб кој ќе ги плати тие пари ќе може Норвежанецот без проблеми да го ангажира. Се разбира ако претходно ги задоволи личните услови на сегашниот напаѓач на Борусија Дортмунд.

Секако дека и Барселона, како еден од најголемите клубови во светот, е во “игра“ за потписот на Халанд.

Сепак, дали е баш така.

Имено еден од првите соработници на Хоан Лапорта се пожали дека е невозможно Барселона да го купи Халанд.

Ова се зборовите на Рафа Јусте.

За жал, не гледаме сега никаква можност да го ангажираме Халанд, барем не во јуни. Од сега па до крајот на следната година ќе се обидеме да ги закрпиме сите дупки, па потоа ќе размислуваме за квалитетни засилувања. Да, Халан е најдобар во светот, но како да го купиме кога во клубот ни е хаос, кога клубот ни е во урнатини“.

ПретходноИталија ја совлада Белгија за утешната награда на ЛН (видео)
Следно“Бомба“ од Англија: Шеикот Бин Салман ги сака Зидан или Манчини на клупата на Њукасл!