“Бомба“ од Англија: Шеикот Бин Салман ги сака Зидан или Манчини на клупата на Њукасл!

460

И дефинитивно Мохамед бин Салман, пребогатиот газда на Њукасл нема да се задоволи со тоа неговиот клуб да биде само просечен премиерлигаш. Тој сака во најскоро време да ги стигне Челзи, Сити, Јунајтед или Ливерпул.

Токму затоа посакува и врвно тренерско име на клупата на Њукасл. Откако со Конте работата тешко оди, Бин Салман “пука“ на две големи, врвни тренерски имиња.

А тоа се Зинедин Зидан или Роберто Манчини. Парите воопшто не се проблем, едноставно она што го сака Бин Салман тоа и го добива.

Инаку се пројавија шпекулации дека Лампард или Џерард би можеле да го водат тимот на Њукасл, но таквата идеја на пребогатиот шеик не му се допаднала.

Тој сака само екстра квалитет. А со Зидан или Манчини тоа и ќе го добие.

ПретходноБарселона: Најдобар е во светот, но како да го купиме кога во клубот ни е хаос!
СледноМакедонија – Германија: Матеус ќе биде стручен коментатор, студиото на врвот на Арената!