Македонија – Германија: Матеус ќе биде стручен коментатор, студиото на врвот на Арената!

1173

Полека, но сигурно “зоврива“ атмосферата во Скопје по повод утрешниот меч меѓу Македонија и Германија. Како што дознаваме, најавено е доаѓањето и на легендарниот Лотар Матеус, некогаш најдобриот фудбалер во Европа и светот, светски шампион со Германија.

Тој треба да биде стручниот коментатор на германската ТВ куќа РТЛ, која од утринава со својата опрема просто ја “окупира“ Арената.

Инаку, како што можете да видите од фотографијата, импровизираното ТВ студио е речиси на врвот на Арената.

Ова ќе биде спектакл, не се сомневаме.

Германија за првпат во нашата историја ни доаѓа на гости.

Претходно“Бомба“ од Англија: Шеикот Бин Салман ги сака Зидан или Манчини на клупата на Њукасл!
СледноТри пати го викаа за Франција и не му дадоа шанса, сега ќе игра против нив