Дефанзивецот на шпанската репрезентација Ајмерик Лапорт со посебни мотиви ќе игра против Франција, државата во која е роден. Лапорт е роден во Ажен, играл за локалниот клуб како младинец за потоа да отиде во Шпанија, прво во Басконија, па Атлетик Билбао, а сега е во Манчестер Сити.
Лапорта има педесеттина настапи за младинските селекции на Франција, три пати бил повикан во А селекцијата на Франција но не добил ниту една минута. Во мај го доби шпанското државјанство и сега ги брани боите на Шпанија.
Во пресрет на средбата на „Сан Сиро“ во Милано, Лапорта зборуваше за неговите мотиви.
“Ова ќе биде специјален натпревар за мене, јас сум многу концентриран. Не сто, туку 300 проценти. Ќе дадам се од себе. Играм со поранешните соиграчи од младиот тим, но единственото нешто што ме интересира е да победам во финалето, тоа е најважно за мене сега “, рече Лапорт.
Францускиот тренер Дидие Дешамп вели дека немал можност да се сретне со него откако го променил државјанството.
“Од тогаш не разговаравме. Ја имаше таа можност и јас сум среќен за него. Беше со нас, сега е со нив, тоа е негов избор и јас го почитувам. Сакаше да оди по тој пат и се надевам дека ќ биде добро, дури и бидејќи нашите патишта се вкрстуваат во финалето“, рече францускиот тренер.