Деби со пораз во италијанската СуперЛега: Љафтов трет најдобар поентер во поразот на Равена

165

Македонскиот одбојкарски репрезентативец Александар Љафтов дебитираше со пораз во италијаската СуперЛега. Вечерва во меч од 1. коло во новата сезона на италијанското одбојкарско првенство, новиот тим на нашиот репрезентатиовец, Равена, беше поразена на гостувањето кај Пјаченца со 3:1 во сетови.

Љафтов беше еден од најдобрите во гостинскиот состав со 10 реализирани поени, веднаш зад Клапвијк со 15 и Вукасиновиќ со 11 реализирани поени. Од 10-те освоени поени, Љафтов имаше дури 4 блокади, а имаше и најдобра реализација во нападот од сите свои соиграчи, со високи 67%.

За Љафтов оваа сезона е посебна, со оглед на тоа што го исполни својот сон да заигра во најсилната одбојкарска лига во Европа.

ПретходноНе помогнаа 12 поени на Нено, Валенсија поразена од Реал (М)
СледноРепрезентативците ги добија последните инструкции, подготвени за Германија (ФОТОГАЛЕРИЈА)