Тајсон Фјури дојде до втората победа над Дионтеј Вајлдер во нивната трета меѓусебна пресметка и го одбрани појасот во тешка категорија на ВБЦ. До овој резултат дојде по спектакуларен пресврт, во 11 рунда го нокаутираше противникот.
По нокаутот, Вајлдер имаше проблем со рамнотежата, па веднаш беше пренесен во болница, не присуствуваше на прес-конференцијата.
Сепак, за ЕСПН ја даде првата изјава по борбата.
„Дадов се од себе, но не бев доволен добар. Не сум сигурен што се случи. Знам што прави Тајсон на тренинзи, а знаев дека и дека не набилда толку килограми за да биде балетан. Дојде се потпре на мене, се приближи и ја искористи шансата“, изјави Вајлдер после мечот.
ФОТО: Deontay Wilder/TWITTER










