Со рецептот од полуфиналето, Франција со пресврт ја совлада Шпанија со 2:1 во финалето на второто издание на Лигата на нации на УЕФА и успеа да стане вториот освојувач на трофејот во ова репрезентативно натпреварување.
Откако во полуфиналето против Белгија „триколорите“ се вратија од 0:2 до победа од 3:2, денеска во извонредното второ полувреме иако први примија гол, успеаја до крајот да постигнат два и заслужено да го освојат трофејот. Шпанија победе со голот на Ојразабал во 64. минута, но само две минути подоцна со еден маестрален гол на Бензема, Франција се врати во егал, 1:1.
Одлуката падна во 80. минута кога Мбапе конечно искористи една од неколкуте изгледни шанси за гол и ја донесе Франција со 2:1, што беше доволно за конечен триумф.










