Германија по победата над Романија со 2:1 пред неколку дена доаѓа во Скопје на мегдан со македонската репрезентација. „Панцерите“ се лидери на табелата и се блиску до место на СП, а о Скопје доаѓаат да победат и воедно да вратат за оној пораз од Дуизбург. Сега со Ханси Флик на селекторското место, Германија повторно делува расположено и победнички.
„Македонците имаат многу добри идеи на теренот и притоа се тактички јаки. Плус се осоколени од онаа победа во Германија, па ќе бидат мотивирани да победат. Затоа мораме да внимаваме на теренот. Имам неколку идеи околу тоа како би играле, а спремив(ме) неколку варијанти во зависност од “сценариото“ долу на теренот“, изјави Флик кој притоа го бранеше Тимо Вернер кој критикуван поради лошите настапи за националниот тим.
„Не можам да го сменам тоа што му се случува. Можам да кажам дека тој ги изработува задачите што ги барам и му е дадена слобода во играта. Тој креира празен простор, брз е, се наоѓа во вистинско време на вистинско место само што малку не му оди со реализацијата. Но тоа не значи дека треба да го отпишеме. На многу напаѓачи им се случува тоа. Мислам дека не ферски се однесувате кон него. Дајде му поддршка, дајте поддршка на националниот тим, тоа му треба нему и на нас“, изјави селекторот.










