Јубилеј: Димитриевски против “панцерите“ по 50. пат ќе ја “брани“ Македонија!

184

Сите сме во очекување на утрешната пресметка со Германија, со гигантот на светскиот фудбал. Како фудбалерите, стручниот штаб, фановите, цела јавност во земјата. Сепак со најголема нестрпливост овој меч го очекува нашиот голман Столе Димитриевски.

Имено еден од нашите најдобри фудбалери, утре против Германија ќе го одигра својот 50 јубилеен натпревар за нашата најдобра фудбалска репрезентација.

Столе и да сакаше не можеше да одбере подобар момент за својот јубилеј. Се надеваме дека како и досега, инаку тој своето деби го имаше во ноември 2015 година, во изминатите шест години, и на овој меч ќе ја “брани“ Македонија најдобро што знае и умее.

Се разбира, ние му посакуваме “чиста мрежа“ против еден од најсилните репрезентативни тимови во Европа и светот.

ПретходноДеби на Вајли за Будуќност, Магдевски во победнички ритам
СледноДе Брујне: Италија и Франција имаат 22 играчи од екстра класа, за жал Белгија нема!