Дава голови за Баерн и Германија, а мајка му се уште го носи на тренинзи

438

Талентираниот фудбалер на Баерн Џамал Мусиала откри неколку занимливости за својот фудбалски подем. Младиот напаѓач е роден во Германија, а живеел и во Англија каде е роден неговиот татко и каде што ги направил првите фудбалски чекори. Бил во младинската школа на Челзи, а потоа се вратил во Германија и тоа во Баерн.

Мусиала веќе има 48 натпревари и 11 голови за Баерн. Неодамна стана и германски репрезентативец, а првиот гол за „Панцерите“ го постигна против Македонија.

Кога бев помлад, плачев доколку нема да постигнам гол. Челзи ме гледаше на еден меч во Саутемптон и ме викнаа на проба. Мајка ми ме праша дали сакам да играм во Англија затоа што тоа е голем чекор, а јас не се двоумев затоа што само сакав да играм. Бев нервозен затоа што не знаев англиски јазик, но го научив за шест месеци“, рече Мусиала за „МОТDx“.

Баерн ме повика и верував во тоа што ми кажаа. На почетокот бев нервозен кога видов кој се игра во Баерн. Но по извесен период се стана нормално и можам да кажам дека сум пријател со сите“, додава младиот напаѓач кој откри дека се уште нема положено возачки испит и дека мајка му се уште го носи на тренинг и потоа го враќа дома.

Мајка ми се уште ме носи на тренинзи, а потоа доаѓа по мене. Тоа е нормално. Учам да возам и се надевам дека ќе положам и ќе почнам сам да возам автомобил“, рече 18-годишниот Мусиала.

 

ПретходноШефот не сака играчите да му се вакцинираат: „Подобро да земам пиштол и да си пукам во глава“
СледноХаланд е чудо – Moра да го погледнете ова