Шефот не сака играчите да му се вакцинираат: „Подобро да земам пиштол и да си пукам во глава“

709

Контроверзниот сопственик на романскиот великан ФЦСБ (поранешна Стеауа) Џиџи Бекали нема да дозволи фудбалерите од неговиот клуб да се вакцинираат. Во разговор за романските медиуми истакна дека во неговиот клуб нема да има вакцинација и дека подобро би си пукал во главата отколку да го дозволи тоа.

„Кога би имал пиштол и вакцина на маса, подобро ќе го земам пиштолот и ќе си пукам во главата“, изјави Бекали.

Во ФЦСБ само двајца фудбалери се вакцинирани, а Бекали вели дека тоа е по нивна волја и исто така посочи дека не ги казнува поради тоа.

„ФЦСБ не се вакцинирани. Од нашите само Будеску и уште еден се вакцинирани. Не им забранив, така си одлучиле, но знаат дека тоа не е добро“, кажа Бекали за „ГСП“.

ЛИНК

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gigi Becali (@becali.official)

ПретходноРоџерс и официјално му рече „НЕ“ на Бин Салман!
СледноДава голови за Баерн и Германија, а мајка му се уште го носи на тренинзи