Роџерс и официјално му рече „НЕ“ на Бин Салман!

485

Бадијала многу пари, бадијала големи планови, сепак не оди така „мазно“во Њукасл под водство на пребогатиот шеик Мохамед бин Салман.

Првиот проблем е тоа што „новиот“ Њукасл не може да донесе адекватно тренерско име. Прво Антонио Конте неофицијално ја одбил понудата на Бин Салман, додека денеска пак, како што тоа пишуваат медиумите во Англија, тоа официјално го сторил и Брендан Роџерс, актуелниот стратег на Лестер.

Њукасл на Роџерс му понудиле петгодишен баснословен договор, но ете, тој останува во „љубов“ со “лисиците“ од Лестер.

ПретходноПик Сегет изгуби дома од Елверум, нема веќе непоразени во ЛШ
СледноШефот не сака играчите да му се вакцинираат: „Подобро да земам пиштол и да си пукам во глава“