Македонскиот репрезентативен голман, Дејан Илиев ќе мора да паузира околу еден месец поради повреда на менискусот. Истата ќе биде санирана во Германија.
Тој е на списокот на селекторот Благоја Милевски уште од стартот на неговиот мандат, а Илиев бранеше стандардно се до повредата за неговиот тим Серед во Словачка.
Паузата нема да биде долга, и му посакуваме на Илиев што е можно побрзо опоравување од повредата и назад на терените.