Анчелоти: Азар не игра, затоа што јас така сум одлучил

345

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, запрашан зошто Еден Азар ретко се појавува на теренот, иако не е повреден, вели дека тоа е негова одлука.

„Проблемот на Азар во моментов е тоа што неговиот тренер претпочита да се игра со другите играчи“, изјави Анчелоти на прес-конференцијата пред натпреварот со Осасуна.

„Ова е нормално за клуб како Реал Мадрид. Важно е самиот играч да биде мотивиран да се бори за своето место. И тој го прави тоа“, додаде италијанскиот специјалист.

Наскоро Анчелоти ќе го има и Герет Бејл, кој има зелено светло од медицинскиот персонал да продолжи со тренинзите следната недела. Велшанецот се очекува да биде во тимот за мечот со Рајо Ваљекано на 6 ноември.

ПретходноМисија (не)возможна: Барселона се обидува да го убеди Клоп идната сезона да дојде на „Камп Ноу“
СледноДобри вести за Денвер: Повредата на Јокиќ не е сериозна