Во Англија се игра Лига купот, а вечерва во Лондон екипата на Манчестер Сити доживеа елиминација по поразот од Вест Хем на пенали. „Чеканите“ отидоа во четвртфиналето откако со 5:3 го победија Сити, а по 90. минути беше 0:0. Во пенал-рулетот Вест Хем ги погоди сите пет пенали, а за Сити промаши Фоден во првата серија.
Ливерпул со неколку дебитанти во тимот го совлада Престон со 2:0 и се пласира во наредната рунда. За „Црвените“ првпат заиграа напаѓачот Харви Блер, дефанзивецот Овен Блек, играчот за врска Елиџа Диксон-Бонер, а шанса добија уште Конор Бредли, Тајлер Мортон кои досега имаа многу мала минутажа.
Головите ги постигнаа Минамино и Ориги.
Понатаму одат Тотенхем кој победи во гости со 1:0 против Барнли со гол на Лукас. Бретфорд исто така се пласира во наредната рунда по триумфот над Стоук со 2:1 исто така и Лестер кој по пенали го исфрли Брајтон.