Не е тајна дека Барселона планира да го смени тренерот на крајот на оваа сезона, а според каталонскиот весник „Спорт“, Лапорта и неговите соработници се обидуваат да стапат во контакт со актуелниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп.
Барселона смета дека ова е преодна сезона, па Роналд Куман ја задржува довербата, но неговата иднина во Барса веројатно нема да продолжи по 2022 година, кога ќе му заврши договорот со клубот. Каталонците планираат да се засилат на две позиции за следната сезона, а во прв план им е доведување стабилно тренерско решение. Како алтернатива за Клоп се уште се смета некогашната ѕвезда на тимот Чави, а во игра е и актуелниот тренер на Челзи, Томас Тухел.