Гол – шоу на Чаир: Шкупи ја понижи Брегалница во шампионски стил!

830

 

Каква фудбалска претстава попладнево на Чаир. Шкупи, на отворањето на 12.коло, успеа со 5:0 да ја “растури“, да ја понижи Брегалница. Да одигра во шампионски стил, да покаже дека има тим оваа сезона конечно по цели две децении да ја врати титулата на Чаир.

Сепак рано е за такви коментари, но не е рано да се каже дека Шкупи покрај тоа што ја победи убедливо Брегалница, имаше шанси и за поубедлив триумф.

Од друга страна за ваквиот пораз виновни се и самите штипјани, кои имаа шанси, но не знаеја како да го совлдаат попладнево чудесниот Кристијан Наумовски, кој одбрани и пенал.

Цветаноски, Адетунџи, Алварез, Брдаровски… одиграа одлично, но и Наумовски покажа екстра класа.

Сепак се ќе беше поинаку ако Ескиќ во 2.минута го реалзиираше зицерот, но денеска фантастичниот Наумовски, голманот на Шкупи, покажа како се брани.

Казната стигна набргу и тоа во 8.минута кога по асистенцијата на Брдаровски, Матеј Цветаноски погодува за 1:0. Во 28.минута Руватубаје зголемува на 2:0, за голема радост на Чаир. Брегалница пак преку Мојсов во 35.минута можеше да намали, но пак тој Наумовски се испречи, додека пет минути подоцна одново казна, Цветаноски до Адетунџи за високи и убедливи 3:0.

 

МАЈСТОРИЈА НА АЛВАРЕЗ

 

Во 52.минута Брегалница има двојна шанса, но одново брилјантен е Наумовски, како ли само брани. Гостите и од пенал не погодија, кога Наумовски му ја фати жива на Алтипармаковски. Во 59.минута Адетунџи до Цветаноски и тоа беше 4:0 за Шкупи.

Сепак мајсторијата дојде во 63.минута кога Алварез, со лева нешто откосо, го погоди десниот горен агол на Денковски. Каков фантастичен гол на Костариканецот.

Цветаноски имаше шанса за хет-трик во таа 71.минута но малку недостигаше, сосема малку за уште еден, трет гол.

Потоа шанса доби Маркоски, а Цветаноски беше заменет.

До крајот се сведе на рутина, Брегалница се откажа нешто да направи, па така Шкупи – Брегалница заврши со тие 5:0.

Голема победа, големи три бода и зацврстување на лидерската позиција на табелата во ПМФЛ.

ПретходноНаскоро промоција на автобиографската книга на Кирил Лазаров – „Секогаш на победа“
СледноУште еден историски момент: Ивана Кметовска е прогласена за МВП во WABA-лига