Захариевски: Ги почитуваме “пандевци“, но посакувам бодовите да останат во Струга!

113

Струга Трим Лум утре од 14 часот во Струга, ја дочекува екипата на Академија Пандев, една од најквалитетните екипи во нашата ПМФЛ. Се разбира дека ова ќе биде силен предизвик за момците на стратегот Срѓан Захариевски да им се вратат на победите.

Сепак сите во таборот на стружани добро знаат со кого ќе си имаат работа, а тоа за “Спортмедиа“ го потенцира и стратегот на Струга ТЛ, Срѓн Захариевски.

Играме против една силна екипа, екипа кој секогаш сака да се надигрува, да игра на гол повеќе. Тоа е стилот и на Струга Трим Лум, затоа лично очекувам интересен и пред се квалитетен натпревар. Бодовите им се потребни и на двете екипи, но јас верувам дека и покрај сиот респект за ривалот, дека тие ќе останат во Струга“ посочи Захариевски.

ПретходноЛапорта: Требаше порано да му дадеме отказ на Куман, еден ден Чави ќе биде тренер на Барса!
СледноНаскоро промоција на автобиографската книга на Кирил Лазаров – „Секогаш на победа“