ФМП со супер финиш ја однесе победата од Куманово

135

Екипата на ФМП Академија го победи Куманово во последниот меч од 5. коло на Првата македонска кошаркарска лига. По три четвртини Куманово на свој терен имаше предност, на полувреме 43:40, а по третиот период и 60:54 меѓутоа во последната четвртина се разиграа кошаркарите на ФМП и направија пресврт 74:77, а со тоа и ги однесоа бодовите од Куманово.
Кај ФМП блескаше Стефан Крстајиќ кој даде 31 поен, а кај победничкиот тим Недељко Кошанин даде 10, а Ајви имаше 9. Кај Куманово најефикасен беше Џонатан Холмс со 20 поени.
Ова е трета победа по ред на ФМП кој го држи седмото место, додека Куманово го впиша четвртиот пораз во низа и е претпоследен на табелата.

ПретходноМакедонската карате репрезентација освои 12 медали на ЕШ во Белград
СледноДрама во Норвешка – фудбалер колабрираше на теренот, мечот прекинат