Дејли Меил: Играчите не се повеќе на страната на Солскјер

283

Се ближи крајот на мандатот на Оле Гунар Солскјер како менаџер на тимот на Манчестер Јунајтед. Тоа е повеќе од очигледно по последните два лошо одиграни мечеви од Премиер лигата, пред се на домашен терен.

Престижниот, и доста авторитетен Дејли Меил во денешното издание тврди дека поголемиот број на играчите на Јунајтед, барем оние влијателните веќе го загубиле трпението со Солскјер и тој повеќе не ја ужива довербата кај нив.

Тука пред се се мисли на португалскиот двоец Кристијано Роналдо и Бруно Фернандеш кои биле исклучително загрижени околу слабата игра, а со самото тоа и резултатите на тимот.

Исто така во текстот се наведува и сомнежот на буквално сите, околу ситуацијата со Дони Ван Де Бек. Холанѓанецот доби громогласен аплауз кога влегуваше во игра во самиот финиш на мечот против Сити викендов, факт кој кажува дека тој ја има довербата од навивачите, но не и од Солскјер. Остатокот од тимот исто така има проблем со неиграњето на Ван Де Бек затоа што тој одлично работел на тренинзите.

 

ПретходноЃурковски и Фетаи со дополнителен У21 повик
СледноКОМЕНТАР НА 13.КОЛО: Секој има право на лош ден, па и Шкупи…